Кинескиот поет Беи Дао, добитник на „Златен венец“ на СВП за 2015

Од:

Кинескиот поет Беи Дао е лауреат на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2015 година.

Одлуката денеска во Македонската академија на науките и уметностите ја соопшти претседателот на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, Славе Ѓорго Димоски.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во обраќањето пред присутните рече дека Струшките вечери на поезијата се наш национален бренд и потврдуваат дека Република Македонија е земја која силно ги респектира различностите, културните вредности и автентичните поетики кои го чинат европското и светското културно богатство, но оваа манифестација на извонреден начин го збогатува и европскиот и светскиот културен простор.

Творештвото на Беи Дао, посочи министерката, е особено значајно по своите естетски и поетички особености.

– Неговата поезија која изобилува со свежина и метафори, критичарите во своите рецензии ја оценуваат како автентична, уникатна и необично богата инвенција.  Кинескиот поет, кој стана поетски глас на неговата генерација во 1970-тите, денес е еден од најистакнатите личности на кинеската модернистичка белетристика, автор кој создал песни кои ги надминуваат границите на книжевноста на негово време, истакна Канческа Милевска.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот