Кичево домаќин на петтата Меѓународна поетска манифестација „Илирска Божица Тана”

Од:

Меѓународната поетска манифестација петтата по ред „Илирската Божица Тана” почнува попладнево во Центарот за култура во Кичево со проекција на документарниот филм „Песната на нацијата”, на авторот и режисер Петрит Рука во чест на годината на Скендербег.

Во рамки на манифестацијата ќе се оддаде почит на поетите од Кичево, Бегзат Рахман и Џевдет Укали, како и ревијална презентација на млади поети пред љубителите на пишаниот збор во Кичево.

Во трите поетски вечери во фоајето на Центарот за култура ќе биде изложба на промоција на нови наслови на книги „Илирска Божица Тана” со рецитали на поетски стихови, потоа средба со љубителите на кичевскиот мелос Дервиш Дервиши и Љумтурие Aџами.

Оваа година на манифестацијата ќе учествуваат поети од Словенија, Франција, Грција, Турција, Албанија, Косово и Македонија. Манифестацијата „Илирска Божица Тана” има меѓународен карактер и е поддржана од страна на општина Кичево, која ќе трае три дена .

Претседателот на Комисијата за култура при Советот на општината Кичево, Ибраим Коча рече дека веќе станало традиција да го организираат овој настан.

– Годинашнава манифестација ќе трае три дена и е важна за сите кои се занимаваат со книжевност, а посебно со поезијата како специфичен и вечно актуелен жанр во литературата, кој суптилно навлегува во интимата и перцепирањето на животот, за секој љубител на пишаниот збор, а воедно служи и за мапирање на нови автори кои имаат интерес да се претстават пред кичевската публика, и не само толку, ќе се посетат и култуно-историските знаменитости на нашето преубаво Кичево, вели Коча.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот