„Келтскиот самрак“ на нобеловецот Вилијам Батлер Јејтс објавен на македонски

Од:

Во издание на „Бегемот“ првпат на македонски јазик е објавена збирката на келтски народни преданија и приказни „Келтскиот самрак“ на ирскиот нобеловец Вилијам Батлер Јејтс.

„Имав желба, како и секој уметник, да создадам малечок свет од прекрасните, пријатните и значајните нешта во овој расипан и тромав свет и да го прикажам како визија дел од лицето на Ирска на сите мои луѓе кои ќе погледнат онаму каде што ќе им повелам.“ Вака започнува „Келтскиот самрак“ на В.Б. Јејтс, големиот вљубеник во мистичното и натприродното, кој талка по руралните делови на Ирска во потрага по народни преданија.

Приказните кои ги запишал во „Келтскиот самрак“, коренот го влечат од богатата ирска митолошка традиција и раскажуваат приказни за самовили, ѓаволи, селски духови, русалки и митски поети. Јејтс не е обичен запишувач на ирските народни преданија. Тој е заинтересиран за светот на окултното, верува во спиритуалниот свет, ја сфаќа суштината на ирската традиција, па дури и самиот се труди да стапи во контакт со натприродното, велат од издавачката куќа „Бегемот“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска