Канческа-Милевска учествува на Третиот светски форум за култура и културни индустрии

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска  во Фиренца учествува на Третиот светски форум за култура и културни индустрии, на тема „Култура, креативност и одржлив развој. Истражување, иновација и можности“.

– На овој еминентен собир кој е во организација на УНЕСКО, Италијанската Влада, регионот Тоскана и општината Фиренца, министерката за култура Канческа-Милевска ќе има официјално обраќање како клучен говорник на темата „Културата движечка сила за развој-искуства на Македонија“. Канческа-Милевска ќе се осврне на важноста на културата како активен фактор на развојот на индивидуално, локално, национално, регионално и глобално ниво, како и за културната политика на Република Македонија која е во функција на севкупниот општествен развој, соопшти Министерството за култура.

Меѓу учесниците на форумот се генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова и други високи претставници на оваа организација, италијанскиот министер за културно наследство, активности и туризам, Дарио Франческини, министрите за култура на Србија и на Босна и Херцеговина, Иван Тасовац и Средоје Новиќ, градоначалникот на Фиренца Дарио Нардела, експерти, професори на Универзитетот „Колумбија“, истакнати личности од приватниот сектор и цивилното општество.

Министерството информира дека на тридневниот форум присутните ќе дебатираат и за местото и интегрирањето на културата во Агендата за развој на Обединетите нации по 2015-та година, како и за потребата од координирано и планско дејствување на секторот култура со другите релевантни сектори во државата–економија, финансии, локална самоуправа и заштита на околината.

– Меѓу останатото, на конференцијата ќе стане збор и за други особено важни теми, како што се културата и креативноста, културните индустрии, вработувањето и растот, иновацијата, технологијата и предзнаењата за одржлива иднина, моќта на културата во насока на создавање инклузивни општества и друго. Во рамките на форумот ќе биде организирана и тркалезна маса посветена на заштитата на културното наследство на која ќе бидат презентирани успешните примери од соработката на Италија и УНЕСКО. Конференцијата завршува во сабота со усвојување декларација,  наведува Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи