Канческа-Милевска се сретна со потсекретарот за надворешни работи на египетското Министерство за култура

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во рамки на Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог која вчера и денеска се одржува во Скопје, оствари билатерална средба со првиот потсекретар за надворешни работи на египетското Министерство за култура, Камелија Соби.

На средбата, соопшти Министерството за култура, Канческа-Милевска изрази благодарност за учеството на конференцијата која на едно место собра над 200 странски и домашни гости, лидери на верски заедници и религиозни групи, истакнати професори од целиот свет.

Канческа-Милевска, како што се наведува, на средбата ја подвлече важноста од потпишување на Спогодба за културната соработка меѓу Владата на Република Македонија и египетската Влада која ќе биде првна рамка за интензивирање на заемната соработка во областа на културата преку реализација на заеднички проекти, размена на експерти, уметници и ансамбли, како и соработка во областа на заштитата на културното наследство.

Првиот потсекретар за надворешни работи на египетското Министерство за култура, Камелија Соби од своја страна изрази задоволството што е дел од конференцијата за која нагласи дека претставува место каде се презентираа исклучително важни теми и беа пренесени пораки кои како што истакна таа, ќе ги пренесе во својата земја.

Соби ја подвлече важноста од потпишување на Спогодба за соработка со план на конкретни активности и проекти. Таа додаде дека богатото културно наследство кое не поврзува ќе биде дополнителен импулс кој ќе придонесе за зајакнување на врските меѓу двете земји. Во текот на денешниот ден, потсекретарот Соби се сретна и со директорите на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“, Миле Бошески, на Државниот архив, Зоран Тодоровски, на Македонската опера и балет, Дејан Прошев и на Македонската филхармонија, Маја Чаначевиќ, со кои договорија и конкретни активности за соработка.

Соби упати и покана до министерката Канческа-Милевска за учество на Република Македонија на културно-индустрискиот саем кој следната година ќе се одржи во Каиро на кој ќе бидат презентирани културните, туристичките и економските потенцијали на земјите-учеснички, стои во соопштението од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање