Канадскиот балет од Монтреал ќе гостува во Скопје

Од:

Првпат во Македонија ќе гостува светски реномираниот Канадски балет од Монтреал (Les Grands Ballets), кој на 8 април во Македонската опера и балет ќе ја изведе балетската претстава „Минус еден“ во која учествуваат 25 танчари. Се работи за врвен ансамбл со интензивна меѓународна агенда, чие гостување во Скопје е дел од балканска турнеја и е поддржано во Годишната програма на Министерството за култура на РМ.

Уметнички директор на Канадскиот балет од Монтреал е истакнатиот балетски уметник Градимир Панков, кој има македонско потекло, импресивна меѓународна кариера и соработка со најпознатите имиња од светските и европските танцови компании.

– По брилијатната кариера како танчар на просторите на поранешна Југославија и Германија, успешно ја презема улогата на уметнички директор во неколку познати театри за танц: Холандскиот танцов театар II, Националниот балет од Финска, Кулберг балетот од Шведска и Балетот на големиот театар во Женева. Во престижниот „Les Grands Ballets“ од Монтреал, Панков е од 1999 година, соопшти Министерството за култура.

Претставата „Минус еден“, со која ќе гостува во Скопје, е меѓу најиновативните дела на репертоарот на Канадскиот балет. Кореограф е Охад Нахарин, кој е уметнички директор на танцовата компанија „Batsheva Dance Company“.

Музиката за балетот е преземена од: Mambo fever; Cha Cha de Amor (продуцирана и аранжирана од Бред Бенедикт); Unknown Territory од Дик Дејл; Hava Nagila; Ehad Mi Yodea; Somewhere over the rainbow од Арлен Харолд (адаптиција, Маруша); „Фратрес“ од Арво Парт, aранжирано со Universal Editions Vienna.

– Деталите на ова важно културно претстување во Република Македонија беа прецизирани и на неодамнешната средба помеѓу министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на Канада во Република Србија, Роман Вашчук. На средбата тогаш беше констатирано дека гостувањето на овој реномиран балет значително ќе придонесе за унапредување на културните врски меѓу двете земји, но и ќе отвори можност за реализација на копродукциски проекти меѓу институциите од областа на културата во Македонија и Канда, информира Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска