„Камнионот со приказни“ на францускиот театар „Ларденоа“ во Македонија

Од:

Во организација на Францускиот институт во Скопје и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од денеска до 11 септември ќе се одржи Книжевниот саем за млади насловен „Патување на француската книга“.

Во рамки на манифестацијата во Македонија ќе гостува францускиот театар „Ларденоа“ со „Камнион со приказни“, кој ќе има повеќе настапи низ земјата како дел од регионалната турнеја.

Според агендата, театарот „Ларденоа“ денеска напладне, во ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје ќе ја изведе претставата „Волчо Страшниот“.

Книжевниот саем за млади „Патување на француската книга“ ќе биде отворен утре во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“. Ќе присуствува амбасадорката на Франција во Македонија, а ќе се обратат директорот на библиотеката Иван Заров и Изабел Марки Барбо, директор на Францускиот институт во Скопје.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска