Музичари од оркестарот на Филхармонијата в четврток во 20 часот, ќе изведат камерен концерт насловен „Филхармонија за Филхармонија“.
На концертот, кој ќе биде одржан во големата сала, ќе бидат изведени дела од македонскиот композитор Томе Манчев, како од Чајковски, Бетовен, Ференц Фаркаш и Бизе.
– Во рамки на концертот ќе настапат Мојца Седеу – перкусии, Весна Ангелова Христов– пијано, Гудачкиот квартет „Филхармонија“ (Ана Кондратенко, Бојан Илковски, Бојан Талевски, Марија Михајловска), Дувачки квинтет (Елена Дојчинова, Владимир Лазаревски, Здравко Ангелов, Горан Јанев, Ванчо Стојановски), Дувачко трио (Владимир Лазаревски, Марина Николовска, Маја Чанаќевиќ) и Брас квинтет (Стефан Илиев, Горан Арменски, Благоја Василевски, Никола Ристевски, Александар Ниниќ), информираат од Филхармонија.