Камениот саркофаг се носи на локалитетот „Скупи“, го поседувало полско семејство

Од:

Археолошкиот локалитет „Скупи“ ќе биде местото каде што ќе се однесе саркофагот што вчера инцидентно беше пронајден во „Карпош 4“ кај слаткарницата „Палма“.

Археологот Ленче Јованова од Музејот на град Скопје рече дека саркофагот и деловите од надгробниот олтар се само уште еден дел од бројните наоди што ќе бидат изложени во Лапидариумот на локалитетот „Скупи“.

„Саркофагот е дел од гробишта на полски имот и потекнува од римскиот период од 2 век од нашата ера. Во соработка со Конзерваторскиот центар ги следиме овие случајни археолошки пронајдоци и се грижиме истите да бидат доставени на соодветните локалитети“, рече Јованова.

Овие несекојдневни ископини ги пронајдоа градежните работници кои работат на реконструкција на улица во скопската населба „Карпош 4“.

Како што вчера е објавено на официјалната фејсбук-страница на Музеј на град Скопје, при градежниот зафат во близина на слаткарницата „Палма“, пронајдени биле камен саркофаг и три елементи на надгробен олтар, кои потекнуваат од римски период, од 2 век од нашата ера.

Во Карпош 4, во близина на слаткарницата Палма,на 24.07.2019 при реконструкција на улица, пронајдени се камен саркофаг и три елементи на надгробен Олтар кои потекнуваат од римски период 2 век од наша ера

Posted by Музеј На Град Скопје on Четврток, 25 јули 2019

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром

Предраг Петровиќ