Утре со почеток во 12 часот во големата сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи традиционалниот симфониски концерт за деца, овој пат под наслов „Каде се подароците?“. Диригент е маестро Борјан Цанев, а како аниматор ќе учествува актерот Мартин Јордановски, миленикот на детската публика.
Ќе бидат изведени композиции од Морис Равел, Јохан Штраус и Едвард Елгар.
Најмладите ќе имаат можност да уживаат во приказната за едно џуџе, испратено од Дедо Мраз, кое по пат ги загубило подароците кои требало да им ги подели на децата.
На крајот подароците ќе бидат пронајдени кај 12 мали змејчиња…
Македонската филхармонија, на 28 декември, ќе го одржи и традиционалниот Новогодишен гала-концерт, под диригентство на Јерухам Шаровски од Израел и Милена Арсовска, сопран и Иван Наумовски, баритон како солисти.