Јубилејна изложба на Борис Николоски во Мала станица

Од:

Во Мала станица, вечерва, во 20 часот, ќе се отвори изложбата „55 години творештво на Борис Николоски“. Со оваа изложба авторот ќе го прослави својот јубилеј 80 години живот и 55 години творештво и ќе изложи дела од последните десетина години – графити, цртежи, графити на платно, теракота, креда на платно фиксирано и лакирано.

„Морфолошката и естетската поларизација на фигуративната скулптура беше неговата главна идеја и мотив да создава форми, додека пак апстрактното и асоцијативното беа неизбежни. Јасно дефинираните форми постојано потсетуваа на нешто реално во нивната есенцијаност, додека истовремено тие водат до нешто друго имагинарно, бидејќи делата се изградени од елементи и фрагменти кои го прошируваат разбирањето, на пример, како симболи со двосмислено значење. Сепак, конечниот резултат се наоѓа во таканаречената антифигуративност бидејќи структурата на неговата форма се менува во застарена содржина, можеби дури и во „апсолутна“ форма за која вообичаено се користат детерминантите на апстрактност. Архаичниот аспект со митолошки знаци се смета како потребно наведување, или попрецизно како мотив.

11356197_10207052179318117_1153572666_n
Во исто време, Николоски создаде стилизирани човечки фигури (глави и цели фигури). Тој, исто така, обично намерно ги остава површините на скулптурите недовршени. Необработената површина има двојна улога: да се истакне експресивноста на материјалот и да се обиде да се издвои формата од конкретната тема. Очигледно е дека Николоски се враќа на ситуацијата каде човечката порака е битна. Тој се наврати на старите форми кои содржат патетични гестикулации или идеализиран портрет. Исчезна неговиот некомпромисен став за прифаќање на формулите за антитрадиционалното во модерната скулптура, а исто така и неговата загриженост за пулсот на времето и грижата за еластичните квалитети кои ја издигнаа на пиедесталот неговата уметност“, пишува во текстот по повод оваа изложба на Николоски.

Би можело да ве интересира

Француско-руска вечер со пијано и виолончело на „Охридско лето“, Ал Ди Меола на Антички

Емир Латифовиќ

Поради невреме во Охрид, концертот на Сандовал презакажан за вечер

Емир Латифовиќ

Меѓународен фестивал „Фолклорен Мост“ во Струга

Емир Латифовиќ

„Where Jazz Meets Clasical“ – концерт на „Скопско лето“

Емир Латифовиќ

„Три дена во септември“ доби награда за најдобра музика на фестивалот SEE a Paris

Предраг Петровиќ

Mакедонската култура на Фестивал на франкофонијата во Созопол

А1он