ЈУ Универзална сала и Фестивалот на светлината „Skopje Light Art District“, во рамки на проектот на Град Скопје, „Култура во време на Корона“, во знак на благодарност изработија видео инсталација.
– Со видео проекцијата на влезот на Универзалната сала, се искажа благодарност до сите поединци и групи кои периодов работеа и уште напорно работат во светот и се во првите борбени редови против пандемијата на новиот коронавирус. Сите тие се главните фактори кои го овозможуваат функционирање на државите и економмиите, се вели во соопштението на Универзална сала – Скопје.
Како што информираат од Универзална сала – Скопје, видео инсталацијата е направена од пријатели и соработници на „Skopje Light Art District”, а пораките за благодарност во видеото се испишани на повеќе светски јазици.