Министерството за култура на Република Македонија денеска организира јавна расправа во врска со изготвувањето предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторско право и сродните права.
Расправата ќе се одржи во Националната галерија Даут-пашин амам, а на неа ќе учествува и министерот за култура Роберт Алаѓозовски.