Министерството за култура денеска ќе одржи јавна презентација на нацрт-стратегијата за културен развој на Република Македонија за 2018 – 2022 година и на нацрт-акцискиот план за 2018 година.
На презентацијата ќе се обрати министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, а ќе говорат и претставници на партнерските организации ФООМ и УСАИД – Проект за граѓанско учество, кои го поддржаа процесот на подготовка на стратегијата и организирањето на јавните расправи низ цела Македонија.
За резултатите и предлозите што произлегоа од јавните расправи ќе говорат претставници на граѓанските организации ЈАДРО и КУЛТ-Транзен, коишто ги организираа овие средби и придонесоа за консолидирање на предложените стратешки документи. Посебниот советник за култура, Златко Теодосиевски ќе ги претстави клучните поенти од нацрт – стратегијата за развој на културата 2018-2022 и нацрт-акцискиот план за 2018-та година, по што ќе следува дискусија со присутните.
Последниот текст на нацрт – стратегијата за развој на културата 2018-2022 може да се пронајде и сочува на следниот линк:
http://kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/3372——2018-2022—–
Последниот текст на нацрт – акцискиот план за развој на културата за 2018 година може да се пронајде и сочува на следниот линк:
http://kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/3381–a-2018-