Министерството за култура денеска во Музејот на современа уметност од 10 часот ќе организира јавна дебата за нацрт-стратегијата за развој на културата на Република Македонија за периодот од 2018 до 2022 година.
Дебатата ќе има општ воведен дел во кој е најавено обраќање на заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, а советникот Златко Теодосиевски ќе ја претстави подобрената верзија на првичниот нацрт на стратегијата за културен развој 2018-2022.
Потоа, сите присутни во неколку панел групи по дејности ќе може да ги споделат своите идеи околу идната стратегија во културата за наредните пет години.
– Покрај дебатата, за сите апликанти на Конкурсот за Годишната програма за проекти од национален интерес во областа на културата за 2018 година ќе има инфо-штанд каде што заинтересираните ќе може да ги споделат своите искуства и да постават прашања за апликациите, соопшти Министерството за култура.