Јавен повик за уметнички престој во Скопје

Од:

Во рамки на активностите на проектот „Креарт“ – Мрежа на градови за уметничко творештво (CreArt – Network of Cities for Artistic Creation), градските власти објавија отворен повик за уметнички престој во Скопје.

Повикот се однесува за уметнички престој и работа во Скопје за двајца уметници, еден уметник кој живее и работи во Скопје и еден уметник кој доаѓа од 11-те градовите-учесници во проектот (Ливерпул, Ваљадолид, Џенова, Лече, Клермон-Феран, Руен, Загреб, Каунас, Лублин, Катовице и Авеиро).

Уметниците треба да работат во просториите на Културно- информативниот центар-Скопје од 20 мај до 20 јуни, а на крајот од престојот ќе се организира изложба со новосоздадените дела.

Културно-информативниот центар-Скопје како организатор ќе ги покрие патните трошоци и сместувањето за уметникот кој доаѓа од градовите-учесници во проектот, трошоци за престој до 400 евра, а ќе бидат обезбедени и материјали за работа во износ не поголем од 500 евра. За уметникот кој доаѓа од Скопје, организаторот ќе ги покрие локалните патни трошоци, дневни трошоците до 100 евра и ќе бидат обезбедени материјали за работа во износ не поголем од 500 евра. Секој уметник ќе добие 250 евра како авторски надомест за изложбата.

Заинтересираните потребно е да обезбедат во еден документ во ПДФ формат: лична карта или пасош (скенирана копија), кратка биографија и целосно портфолио со уметнички дела, краток предлог-проект (една страна од А4) и графичка документација поврзана со престојот.

Пријавувањето за учество од заинтересираните уметници е директно преку веб-страницата на проектот и се врши директно со пополнување апликација на следниот линк https://creart2-eu.org/open-calls/creart-open-call-artist-in-residence-in-skopje-mk-2018-from-20-05-2018-to-20-06-2018

Рокот за пријавување е до 20 април 2018 година.

Град Скопје од 2017 година стана партнер во „Креарт“ (Мрежа на градови за уметничко творештво) што претствува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето