На 10 декември 2022 со почеток во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет ќе се изведе балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина.
Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина.
За првпат во улогите на Китри и Базил ќе настапат Христина Наќевска и Балаж Лочеи (Унгарија).
Во улогата на Еспадо ќе настапи Бобан Ковачевски, а во улогата на Улична, Ивана Коцевска. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет заедно со деца од балетскиот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.