Изложба за монтажните куќи во Скопје донирани по земјотресот

Од:

Во Музејот на современа уметност (МСУ) вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Pre/Fabric – растечките куќи на Скопје“ – проект за монтажните куќи и населби во Скопје по земјотресот во 1963 година. Автори се Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек од Австрија.

МСУ соопшти дека Pre/Fabric трага по приказните на куќите во ова малку истражувано поглавје од историјата на главниот град и ја разгледува историјата на градбите на шест куќи и искуството на домаќините од животот во нив.

Во скопскиот земјотрес биле разурнати или сериозно оштетени 80 проценти од градбите, а 150 000 жители, односно три четвртини од населението останале без дом. Истовремено со расчистувањето на урнатините почнало и проектирањето на 17 нови населби на краевите од уништениот град за да се обезбедат фиксни живеалишта пред почетокот на зимата.

Населбите ги сочинувале монтажни, претежно еднокатни куќи и првите во Скопје биле испорачани само десет дена по земјотресот. Во наредните три месеци била во полн ек изградбата на монтажните населби, така што во декември веќе биле предадени 10 000 станбени единици. До крајот на 1964 биле изградени вкупно 14 068 станбени единици кои обезбедиле нов дом за околу 70 000 луѓе.

– Иако повеќето од куќите беа произведени во Југославија, во колективната свест на градот останаа запишани околу 2500 куќи донесени од други земји, од кои 914 беа донација. Архитектурниот увоз на монтажни куќи, кои денес во Скопје сѐ уште се нарекуваат „бараките“, трајно го обликуваше ликот на градот. Иако се во употреба повеќе од 50 години и претрпеле повеќекратни проширувања и трансформации, основната структура на населбите и елементите на архитектурата од Финска, Мексико или САД се забележливи и ден-денес. Растечките монтажни куќи на Скопје ја создадоа густата текстура на градот, наведуваат од Музејот на современа уметност.

Би можело да ве интересира

Предавање на Марина Гржиниќ во МСУ

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Се отвора годишната изложба „Се што ни е заедничко“ во МСУ – Скопје, овој пат во партнерство со биенале Манифеста

Ана Ололовска

Утревечер отворање на самостојна изложба на Ахмет Огут во МСУ

Ана Ололовска

Во МСУ – Скопје се отвора самостојна изложба на Наташа Неделкова

Ана Ололовска

„Пејзажи на восхитот“ самостојна изложба на Дарко Алексовски во МСУ – Скопје

Ана Ололовска