Изложба на Владимир Младеноски во Струга

Од:

Во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе биде отворена изложба на Владимир Младеноски.

На изложбата ќе бидат претставени 30-тина дела со мотиви од Струга и струшко, пејзажи и староградска архитектура. Најголем дел од неговите слики се со маслени бои на платнени подлоги и имаат впечатливо лапидарна колористика, непроѕирност од складни преливи, најчесто од црвени, жолти, зелени и сини партии.

Во делата на овој македонски сликар, роден во струшкото село Подгорци, пулсира родниот крај каде се овековечува блесокот на боите со сета природна раскош и божја убавина. Студиозно им приоѓа на просторите, објектите, предизвиците и осмислено ги актуелизира најскапоцените и најсуштествените пораки и факти пренесени на платно.

Со сликарската четка на Младеноски опфатени се играта на природата, вистинитоста на животот, старите улици, игрите на сонцето и темнината, моминските солзи, она што плаче и пее, она што се раѓа низ времето и просторот.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи