Изложба на Симеонов и Бојда во МКЦ

Од:

Во Младинскиот културен центар во Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата на сликарите Владимир Симеонов и Менсур Бојда. Двајцата ќе изложат по седум слики кои посетителите ќе можат да ги погледнат во наредните 30 дена.

Симеонов е роден во Кочани во 1985 година. Има завршено Средно уметничко училиште и Факултет за ликовни уметности во Скопје. Досега има реализирано 13 самостојни изложби, а во 2011 година ја доби наградата „Петар Мазев“ од ДЛУМ.

Бојда има завршено Средно училиште за применета уметност во Скопје и Академија за ликовни уметности во Белград, прво во класата на Велизар Крстиќ, а потоа кај Слободан Роксандиќ на сликарскиот отсек. Досега има седум самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјава и надвор. Добитник е на наградата „Константин Мазев“ за сликарство на мал формат во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи