Изложба на оставнината на Десанка Максимовиќ

Од:

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска напладне ќе биде отворена репрезентативна изложба на оставнината на српската авторка Десанка Максимовиќ (1898-1993).

Изложбата, насловена „Ви оставам само зборови…“, е по повод 115 години од раѓањето и 20-годишнината од смртта на Максимовиќ, која е меѓу најзначајните поетеси на 20 век.

Ќе бидат презентирани уникатни материјали од оставнината на авторката, кои се чуваат во Народната библиотека на Србија: оригинални ракописи, белешки, концепти, први и последни верзии на текстовите, писма, лични предмети и документи.

Се работи за меѓународна патувачка изложба веќе поставена во неколку европски држави, која во НУБ гостува како резултат на потпишаниот протокол за соработка со Народната библиотека на Србија.

Изложбата ќе ја отворат директорот на  НУБ „Св. Климент Охридски“ Миле Бошески и заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ. За изложбата ќе зборува Мирјана Станишиќ, една од авторките, а  пригоден осврт кон ликот и делото на Десанка Максимовиќ ќе има проф. д-р Науме Радически од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 25 октомври секој работен ден од 9 до 18 часот, а во сабота од 9 до 14 часот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска