Изложба на оригинални ликовни дела од колекцијата на „Пивара Скопје“

Од:

Дела на основоположниците на македонската современа ликовна уметност, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Томо Владимирски, како и од други познати претставници на македонската ликовна сцена на 20 век, се претставени на изложба „Уметност и пиво“, која денеска ја отвори „Пивара Скопје“.

Изложбата, која посетителите може да ја видат до 10 јули во објектот „Порта Македонија“, претставува оригинални ликовни дела од колекцијата на „Пивара Скопје“, која со оваа прва презентација на избор од богатото културно наследство што го поседува, одбележува 90 години постоење.

Кустосот од Националната галерија на Македонија Мирјана Талеска на отворањето на поставката истакна дека „Пивара Скопје“ со гордост чува, се грижи, а овојпат и изложува ремек-дела на македонската ликовна уметност.

– Ова е мал, но вреден избор од големата збирка од 116 ликовни дела од македонски и еден дел од поранешните југословенски републики. Во оваа концепција се застапени автори кои придонеле многу во развојот на современата ликовна уметност. Оваа експозиција започнува со сликарите од првата академски образована генерација современи макеодонски сликари, а продолжува со делата на истакнати претставници на втората и третата генерација, автори кои се појавиле по Втората светска војна, рече Талеска.

Генералниот директор на „Пивара Скопје“ Александар Ружевиќ истакна дека е горд и задоволен од можноста да ја споделат со јавноста страста на луѓето во „Пивара Скопје“ кон уметноста.

– Ова е првпат да излеземе во јавност со највредниот дел од нашата колекција. „Пивара Скопје“ се обврзува да ја продлжи оваа традиција и во наредниот период да излегува со делови од колекцијата, а да најдеме и начин и адекватен простор за сеопфатна изложба на која ќе бидат достапни сите уметнички дела во сопственост на нашата компанија. Вредноста на колекцијата е во нејзиното доближување до сите македонски граѓани. Таа вредност во духовна смисла е многу важна. Тие дела треба да излезат од сенка и да станат достапни како национално богатство, рече Ружевиќ.

Покрај дела од втемелувачите на современата македонска ликовна уметност, на изложбата се презентирани и слики од Миле Корубин, Петар Мазев, Вангел Наумовски, Ордан Петлевски, Димитар Кондовски, Родољуб Анастасов, Глигор Чемерски, Ана Темкова, Рубенс Корубин, Божидар Дамјановски…

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи