Изложба на книги во Крива Паланка

Од:

Одбележувајќи го денешниот Светски ден на книгата и авторското право градската библиотека „Кочо Рацин“ од Крива Паланка организираше изложба на книги.

На штандови поставени на платото пред Националната установа Центар за култура од Крива Паланка беа изложени одбрани дела од едицијата „Нобеловци“, „Ѕвезди на светската книжевност“, стручна литература од Проектот превод на 1000 стручни книги и најновите белетристички изданија.

– Секоја година го одбележуваме Денот на книгата со одредена активност, а годинава решивме тоа да биде изложбата на книги со која сите минувачи имаат можност да ги погледнат делата со кои располага нашата библиотека, една од најдобро снабдените во регионот. Библиотеката „Кочо Рацин“ располага со библиотечен фонд од над 47.000 книги, кој наскоро ќе биде надополнет со нови книги согласно договоорите со неколку издавачки куќи од земјава, информира Даниела Петровска, раководител на Градската библиотека од Крива Паланка.

Петровска рече дека наспроти добрата снабденост на библиотеката, бројот на членови кои редовно изнајмуваат книги едвај надминува сто.

– Бројот на членови во библиотеката е релативно мал, па токму со изложбата сакаме да ги поттикнеме граѓаните да ја посетат нашата библиотека. Би сакала да нагласам дека целокупниот книжен фонд е електронски заведен во најсовременито регистарCOBISS и сите заинтересирани можат од дома да проверат дали посакуваната литература ја има во библиотеката, потенцира Петровска.

Таа апелираше сите Кривопаланчани да одвојат време за добра книга која со сигурност ќе ја пронајдат на полиците во „Кочо Рацин“ од Крива Паланка.

Во библиотеката функционира и литературниот клуб „Калин“ кој брои околу 30 членови, а две млади поетеси денес учествуваат на поетската манифетсација „Пролет, смеа, љубов“ во Свети Николе.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска