Изложба на кинеска калиграфија отворена во Велес

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на кинеска калиграфија на Ѓоре Ѓелев од Велес, ученик на Институтот „Конфуциј“ во Скопје. Беа претставени 30 дела во кинеска калиграфија пишувани во различни стилови и пренесени мудрости од Конфуциј и од кинеската античка поезија.

Изложбата ја отвори кинескиот амбасадор во Скопје, Џанг Ѕуо, а ја организираа ЛУ Народен музеј и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо во своето обраќање истакна дека калиографијата не е само уметност туку е важен дел од традицијата и културата.

-Се надеваме дека секој може одблиску да го доживее уметничкиот шарм на кинеската калиографија и да го подобри своето познавање за кинеската култура. Оваа калиографска изложба го пренесе длабокото пријателство меѓу двата народа. Експонатите не само што ја покажуваат љубовта на Ѓоре кон традиционалната кинеска култура, туку ја покажува и се поблиската размена меѓу двете земји и меѓусебноо разбирање и сличност меѓу двата народа. Се надеваме дека се повеќе луѓе во Македонија ќе ја разберат Кина преку кинеската култура, ќе го посеат семето на пријателство меѓу двете земји и ќе напишат повеќе приказни за пријателство меѓу луѓето, истакна амбасадорот Џанг Ѕуо.

Информираше дека во последните години се повеќе луѓе во државава посетуваат настава во Институтот „Конфуциј“ за да го научат кинескиот јазик и традиционалната кинеска култура, а исто така и се повеќе кинески студенти го проучуваат македонскиот јазик и култура.

Воедно информираше дека пред неколку дена, на иницијатива на Кина, Обединетите нации го воведоа 10 јуни како Меѓународен ден за дијалог меѓу цивилизациите. Порача дека Кина е подготвена да ја поддржи глобалната иницијатива предложена од претседателот Си Џинпинг, да работи со други земји вклучително и Македонија, за да ја почитува различноста на цивилизациите да се промовираат заедничките вредности на целото општетство и да се постигне заемно учење и напредок меѓу цивилизациите.

Авторот на изложбата Ѓоре Ѓелев за МИА изјави дека пишувањето кинеска калиграфија бара многу фокусираност и дека во оваа уметност се соединети мислата и естетиката.

-Калиграфијата не е само убаво пишување тука и филозофија и естетика. Во овие дела е вметнат тој древен дух на кинеската култура во кој уметноста е клуч во изучувањето и работата и дека човекот треба да биде мирен и сталожен, дека треба да се почитува врската со природата, што е дел од пораките на овие кинески калиграфи, појасни Ѓелев, кој е дипломиран инженер по системски софтвер, пишува поезија и е член на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.

Автор е на стихозбирката „Лиричност од Шекспирова“,„Тежината на Вториот чекор“ и збирката раскази „Човекот без сенка“.

Изложбата беше збогатена со настап на Бојана Ивановска на пијано и Екатерина Димитриевска на флејта, која настапи со кинеска музика.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Фестивалот „Преку езерото“ отвора Конкурс за дипломски краткометражен игран или документарен/експериментален филм

Во Кавадарци промовирана книгата „Татков праг“ од Данче Христова Младенова

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел