Изложба на фотографии од браќата Манаки во Каен, Нормандија

Од:

„Фотографското творештво на браќата Манаки во контекст на Првата светска војна“ е насловот на изложбата што в понеделник, 7 март, ќе биде отворена во музејот Меморијал во Каен, Нормандија, и ќе трае цели шест месеци, до 4 септември.

Изложбата, чиј автор е Роберт Јанкулоски, ќе презентира 101 фотографија од браќата Манаки репродуцирани со дигитализирање и обработка на стаклените плочи кои се чуваат во Подрачното одделение на Државниот архив на Македонија во Битола.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Францускиот институт во Скопје, фотографиите се од периодот 1905 – 1936 година, а го прикажуваат животот во Битола за време на Првата светска војна, но и на француските војници кои во тој период биле таму.
– Преку изложбата сакаме да покажеме колку се силни и се уште нераскинливи врските меѓу Македонија и Франција, сакаме на некој начин повторно да им дадеме живот на загинатите француски војници кои почиваат во Битола, да ги привлечеме нивните семејства да дојдат тука, да го развиеме т.н. турзиам на сеќавања, истакна амбасадорката на Франција, Лоренс Оер.

Фотографиите на Манаки, додаде Оер, јасно ги отсликуваат контурите на лицата на војниците што овозможило да се исконтактира со семејствата и потомците на дел од нив. Дополнително значање на изложбата, рече, и дава и фактот дека Франција не располага со фотографии од војниците од Првата светска војна кои во тој период биле во Македонија.

Според директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска-Илиевска, изложбата покажува и еден друг, исто така многу битен факт – поврзаноста на филмот со фотографијата. 

Авторот Роберт Јанкулоски, професор по фотографија и директор на Македонскиот центар за фотографија, со изложбата во Каен практично го заокружува своето 20-годишното истражување на фотографското творештво на браќата Манаки. Јанкуловски изготвува и монографија за Манаки која, како што нагласи, би требало да биде готова кон крајот на овој месец, а ќе се промовира во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“, но и на изложбата во Франција. Монографијата, на 160 страници, со 120 репродуцирани фотографии.

– Творештвото на браќата Манаки е многу богато. Има најмалку 8.000 стаклени плочи, документи, материјали,… од кои може да се направат уште многу изложби, истакна Јанкулоски. 

„Фотографското творештво на браќата Манаки во контекст на Првата светска војна“ ќе ја отворат амбасадорката Оер, градоначалникот на Каен Жпел Брино и директорот на Меморијал Стефан Грималди. Се очекува да ја видат најмалку 150.000 лица со оглед дека музејот во просек брои 300.000 посетители годишно. 

Амбасадорката Оер на прес-конференцијата потсети дека Франција годинава одбележува 100 години од т.н. Источен фронт (март 1916 година) на кој загинаа 75.000 француски војници. 

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ