Изложба „Будење“ по повод Светскиот ден на лицата со аутизам

Од:

По повод Светскиот ден на свесноста за аутизмот, денеска напладне во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ќе биде отворена изложба на фотографии со илустрации насловена „Будење”.

Ова е втора изложба која ја организираат родители на деца со пречки во развојот, а неодамна беше отворена и во Струмица на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром 21 Март. На фотосесијата учествувале деца со аутизам, Даунов синдром и со ретки болести. Изложбата е во рамки на кампањата „Будење“ чија цел е да се подигне свеста за потребите на овие лица.

– Ова се дечињата и луѓето кои се причина за едно ново „Будење“. Сите деца имаат свои соништа и желби, а начинот на кој ги остваруваат ги дефинира како личности. Како родители и луѓе кои се дел од ова општество, мораме да им дадеме доволно простор за да се изразат, да ги поддржиме во нивните мали подвизи и да им покажеме дека не постојат граници, дека можат да бидат се што ќе посакаат. Но, кога ограничувањата доаѓаат во форма на попреченост, тогаш сликата ја боиме со малку поинакви бои, а работите добиваат поинаков контекст, соопштија организаторите.

Изложбата ќе биде патувачка и, по Струмица и Скопје, ќе гостува и во други градови низ Македонија.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи