Во издание на Перун Артис од Битола неодамна излезе вториот број од книжевното списание „Книжевни елементи“. Списанието е на зголемен број страници што зборува за се поголемата заинтересираност на авторите.
Во вториот број се застапени голем број македонски поети, прозаисти и драматичари од сите генерации како и автори од Ирска, САД, Данска, Турција, Иран, Сирија, Германија, Израел, Индија, Латвија, Србија, Непал и др. земји. Земја во фокусот на овој број е Словенија со значајни автори од таа земја.