Излезе од печат седмото издание на поетската збирка „Метрички карван“

Од:

Во издаваштво на матичната библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија, излезе од печат седмата поетска збирка „Метрички карван“ во која годинава се вклучени песни на дваесетина автори од Гевгелија и Прилеп.

Составувачи на збирката се гевгелиските автори Стефан Марковски и Дамјан Ѓуров кои велат дека селекцијата годинава е направена од помладата генерација творци како носители на современ поетски сензибилитет кој ги воспева егзистенцијалните норми и димензии како мисла и смисла на векот и светот.

-Во просторот се откриваат нивните бои, мириси и вкусови. Така во гевгелиските воспеви зад секој збор се калинката, смоквата, грозјето, крапот, молкот на езерската вода, а легендите и преданијата, како далечно прилепско ехо, ги отсликуваат каменот, карпите и тутунот, велат составувачите на поетската збирка.

Би можело да ве интересира

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“