Излезе од печат книгата „Далеку, а блиску“ на професорот Владимир Мартиновски

Од:

Во издание на Издавачкиот центар ТРИ излезе од печат книгата „Далеку, а блиску“ на професорот Владимир Мартиновски.

– Оваа книга е посветена на јапонската книжевност и нејзината творечка рецепција во македонската книжевна средина. Компаративистичката анализа на Мартиновски ги опфаќа различните јапонски форми, преку танките на Ки, хаику бисерите на Кобајаши Иса, романите на Сеи Шонагон, до драмите на Чикамацу Монзеамон, осврнувајќи се на значајни дела од современата македонска поезија во дијалог со јапонската книжевност, информираат од Издавачкиот цебтра ТРИ.

Инверзијата на синтагмата „Блиску, а далеку“ е своевидена игра во насловот со цел да ја оптимизира мислата дека, колку и да сме далеку, сепак сме блиски во уметноста без никакви меѓници и ограничувања. Преку овие 33 студии и осврти, Владимир Мартиновски нуди уште едно задоволство при читањето на компаративните дијалози меѓу две различни културолошки, но и јазични средини кои се приближуваат една до друга.

Владимир Мартиновски (Скопје, 1974) e поет, раскажувач, есеист, теоретичар, книжевен преведувач. Работи како редовен професор по предметот Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Докторирал на Универзитетот Париз III – Нова Сорбона.

Покрај многуте објавени поетски и прозни дела, автор е на книжевно-теориските студии: Од слика до песна – интерференции меѓу современата македонска поезија и ликовните уметности(2003), Споредбени триптиси (2007), Слики за читање – аспекти на екфразиската поезија (2009), Споредбени диптиси (2011), Зоон поетикон – аспекти на современата македонска поезија (2013), Narro ergo sum (2015), Поетски (ре)визии (2018) и Далеку, а блиску – македонско-јапонски книжевни врски (2020).

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска