Во издание на Издавачки центар ТРИ излезе од печат четвртата книга на францускиот дипломат Емануел Рембер, „Скршнувања“.
– За Рембер постојат нешта што единстве но пишувањето може да ни ги даде, на само нему својствен начин. Затоа пишувањето и љубопитноста го следат постојано во животот. Тој се вплеткува во ткаенината на зборовите обидувајќи се да го отплетка замрсеното клопче на животот. Како збирка хроники објавени во списанијата „Космо“, „Економија и бизнис“ и „Портрет“, „Скршнувања“ е огледало на неговите патешествија во нашата земја и на средбите со многу интересни луѓе и предели. Со својот препознатлив питом и ерудитен стил, Рембер раскажува за многу свои посети на градови, планини и езера, за средби со обични луѓе и уметници, им пишува писма на своите деца, ги споделува со нас своите размисли за кулинарството, за уживањето во медитацијата, за екологијата…,наведоа од Издавачката куќа ТРИ.
Емануел Рембер со години работел како дипломат во повеќе земји низ светот. Моментално е директор на Францускиот институт во Скопје и советник за култура во Амбасадата на Франција во нашата земја. Автор е на делата „Баренцовата шапка“, „Немирни денови во Либија“ и „Во Лотарингија“.