Излегува второ издание од „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски

Од:

„Папокот на светлината“ од Венко Андоновски го доживува своето второ издание. За помалку од еден месец секој примерок од првиот тираж си го најде својот дом во срцата на читателите.

Ова е доказ за тоа колку македонската читателска публика е гладна за квалитетни книги од домашни автори. Како со години да чекале да се случи нешто вакво. И самата промоција на Венко Андоновски го најави тоа. Беше еден од најпосетените книжевни настани што се случиле досега кај нас. Во кино „Милениум“ започна разгатката на приказната која Венко ја чуваше во себе со години. За да се излее конечно во облик на роман за Јан Лудвик, херојот од „Папокот на светот“ кој во оваа книга стои пред нови животни искушенија со кои македонскиот човек секојдневно се соочува.

Од Издавачки центар ТРИ го подготвуваат новото издание на книгата, а вие подгответе се за уште еден рекорд во домашната книжевност.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска