„Изгубени Германци“ на Дејан Дуковски премиерно во МНТ

Од:

Претставата „Изгубени Германци“ по текст на Дејан Дуковски задутре ќе биде премиерно изведена во Македонскиот народен театар (МНТ).

Режијата е на Слободан Унковски кој по осум години повторно се враќа на сцената на МНТ.

Тони Михајловски, Никола Ристановски, Камка Тоциновска, Ѕвезда Михајловска, Јовица Михајловски, Јордан Симонов, Оливер Митковски, Сања Арсовска и Емил Рубен ја сочинуваат актерската екипа, кореографијата е на Кренаре Невзати – Кери, Виктор Михајлов е потписник на сценографијата, а костимографијата и воопшто целиот дизајн е на Бојана Никитовиќ од Белград.

Човечки маани, фрустрации, алчност, љубов, хомосексуалност, нацизам, левичарство, смисла на живот,…, се само дел од базичните, болни прашања што ги третира претставата чија подготовка, како што рече Унковски, траеше речиси пет месеци. Текстот е крајно специфичен, необичен, инспиративен, допира до хаосот и вознемиреноста на нашето општество. Нема да ги задоволи апетитите за евтини дневно-политички определби и насочувања зашто во суштина се однесува на судбината на обичниот човек.

– Претставата зборува за генералните состојби во македонското општество, не толку политички, колку етички. Цврсто е закопана во 1944 година, но идеите кои се обидува да ги артикулира се многу современи, актуелни, истакна Унковски.

Оценувајќи дека ова е прва права, целовечерна драма на Дуковски без фрагментарна драматургија, со ликови кои одат од почеток до крај на начин специфичен за авторот, професорот го нарече Дејан „македонскиот современ Чехов“.

Би можело да ве интересира

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во Републиката

Катерина Ѓуровски

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора