Издавачката куќа „Готен“ со 9 нови книги и двајца гости на Саемот на книга

Од:

На претстојниот Меѓународен саем на книгата во Скопје, Издавачката куќа „Готен“ ќе понуди девет нови книги.

За првпат на македонски јазик ќе биде претставена една од најреномираните германски авторки, Терезија Мора, со романот „Сеништето“, кој ги собра сите најзначајни германски награди.

– Oд домашните автори ќе го објавиме финалистот на наградата Роман на годината, Берт Стајн, со новото мултижанровско дело, „Еден час и триесет минути“. Од регионалните автори ги објавуваме Неџад Ибрахимовиќ со „Инкапсулирани тела“, Срѓан Срдиќ со „Сатори“ и Аријан Лека со „Домашна змија“, за кое академик Луан Старова напиша вдахновен поговор, велат од Готен.

12980900_10209318551456004_1007014000_o

Гости на Саемотна книга, ќе бидат Виктор Хорват од Унгарија и Пјер Џ. Мејлак од Малта, добитници на Европската награда за литература.

Нивните наградени дела, „Турско огледало“ на Хорват, кое го преведе Златко Панзов, и „Ноќта те разубеди“ на Пјер Џ. Мејлак, во превод на Владимир Јанковски ќе бидат промовирани во рамките на саемот.

Освен промоциите, писателите ќе имаат неколку средби со читатели, со студенти, со друштва на пријателство.

Централниот настан ќе се одржи во просториите на ЕУ инфо центарот, во петок во 19 и 30 часот со дискусија на тема „Миграции, идентитети, преводи и Европа“, инспирирана и од тековните настани, но и од темите што ги обработуваат делата. Освен Мејлак и Хорват на дискусијата ќе учествуваат и писателката Станка Храстељ од Словенија и проф. Елизабета Шелева.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска