Избрани најдобрите млади библиотекари во Гевгелија

Од:

Христина Марковска од основното училиште „Ристо Шуклев“ од Негорци го освои првото место на општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ што се одржа денеска во организација на градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија.

Таа, во конкуренција на осум натпреварувачки од основните училишта во општина Гевгелија, даде најпрецизни одговори на прашањата од прирачникот за млади библиотекари и заслужено триумфираше пред втората Ивана Кочева исто така од училиштето во Негорци и третопласираната Николина Митрова од основното училиште „Климент Охридски“ од Миравци.

-Натпреварот за млади библиотекари е востановен во 2000 година со цел да го промовира читањето на книгата,да влијае на негувањето навика за користење на библиотеката од страна на најмладата популација, но и да ја афирмира професијата библиотекар,велат организаторите.

Победничката Христина Марковска стекна право на учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 16 ноември во Демир Хисар.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

„Соба на бајките“ – Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“ донираа библиотека во Детската клиника – Скопје

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

,,Чествување на Ацо Шопов” во Скопската градска библиотека

Романот „Библиотекарката од Аушвиц“ од Антонио Итурбе објавен на македонски јазик

Мобилна библиотека ќе врти низ земјава, ќе им промовира читање и други вредности на граѓаните

Жарко Настоски