Избрани најдобрите илустрации за „Современите бајки од Македонија“

Од:

Креативните концепти изработени од Катерина Соколова за бајката „Бакнежот на пролетта“, Јована Велинова Трајанова за бајката „Перуника“, Орце Нинески за бајката „Сончевото момче Ил“ и Иван Коминовски за бајката „Осаменото дрво“ се победнички решенија на отворениот повик за изработка на креативни илустрации на проектот „Современи бајки од Македонија“ што ќе бидат отпечатени до крајот на годината.

Авторите на илустрациите ќе добијат парична награда во вкупен фонд од 140.000 денари или по 35.000 денари поединечно за секое креативно решение. Отворениот повик за изработка на креативни илустрации беше распишан во рамките на најновиот проект „Современи бајки од Македонија“ на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. За повикот пристигнале 96 апликации од 61 автор.

На отворениот повик за илустратори и дизајнери, како што соопштија од Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ, му претходел конкурс за избор на најдобри современи бајки.

-На овој конкурс беа одбрани бајките: „Перуника“ од авторот Сибо, „Бакнежот на пролетта“ од авторката Елизабета Баковска, „Сончевото момче Ил“ од авторката Катерина Данаилова и „Осаменото дрво“ од авторката Нина Максимова. И за овој повик имаше голем интерес, конкурираа 316 автори со 442 бајки, информираат од Движењето.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска