Избрани 18 поети за тријазичната збирка „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови“

Од:

Здружението за култура и заеднички вредности од Гостивар „КРИК 094“ избра 18 поети кои со своите песни ќе бидат застапени во тријазичната збирка поезија, како дел од проектот „Млади поетски пера-Стихови градат мостови“.

Преку конкурсот наменет за автори на возраст од 16 до 35 години, избрани се поетите Стефан Марковски, Катерина Гогова, Давид Берат, Андреј Ал-Асади, Даниел Ѓорѓески, Бесјона Јусуфи, Мери Берат, Рина Јанкуловска, Мартина Даниловска, Гордана Балеска Трифуноска, Дејан Крстески, Даница Среткоска, Софија Тодороска, Ана Трпевска, Павлина Атанасова, Бериника Арслани, Анастасија Лефкоска и Рената Пенчова.

Здружението работи на препев на песните што во збирката ќе бидат објавени на македонски, албански и турски јазик. Потоа ќе следува техничка подготовка и печатење на книгата.

Би можело да ве интересира

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“