Избрани песни препеани на српски јазик од афирмираните македонски поети Санде Стојчевски, Ристо Лазаров, Бранко Цветкоски, Лидија Димковска и Јовица Тасевски-Етернијан се објавени во новиот број на познатото српско списание „Монс ауреус“.
Секој од македонските автори во рубриката „По трагите на Орфеј“ во списанието е претставен со десет песни, а изборот и препевот го направи академик Ристо Василевски.
Списанието „Монс ауреус“ излегува четири пати годишно, а негова основна цел е да објавува прилози со кои српската читателска публика се запознава со достигнувањата на современата книжевна сцена. Автори и соработници на ова списание се еминентни творци од различни области.