Иво Трајков: Не сум виновен што сегашноста во Македонија го копира мојот филм

Од:

Најновиот македонски филм Медена ноќ, во режија на Иво Трајков претставува адаптација на романот „Уво“ на познатиот чешки писател и сценарист Јан Прохаска кој е објавен 1965 година во Чешка.

Но, публиката на вчерашната премиера на Скопскиот филмски фестивал, се соочи со филм кој има фрапантни сличности со актуелната политичка ситуација во Македонија.

Имено се работи за еден заменик министер кој цела една ноќ заедно со сопругата поминува во страв дека е прислушуван од „Шефот“.

-Не сум виновен што сегашноста на она што се случува во Македонија го копира мојот филм, најмногу од се’, ме интересира како ќе реагира македонската публика рече режисерот Трајков на прес конференција

Тој рече дека Агенцијата за филм бара од авторите да конкурираат за средства со проекти кои се историски, според него тоа е погрешно, затоа што публиката најмногу може да се идентификува со филмови кои се занимаваат со сегашноста или со блиското минато

– Пример за тоа е романската кинематографија која со релативно малку пари направи бум по европските фестивали и кина, додава Трајков

Својот нов филм тој го гледа како комедија со елементи на политички трилер во позадината . Стравот владее со ликовите, но самите се виновни за тоа, затоа што се комфомисти.

– Власта има различн начини на репресија и забрана. Кога ги отворја архивите во Чешка по кадифената револуција, никаде не можеа да се најдат налозите за забранувани дела, луѓето самите знаеле што е забрането и си правеле автоцензура. Романот на Прохаска, на пример, никош повторно не бил преобјавен.

Нашите одлуки и дејствија ги предизвикуваат работите што ни се случуваат во нашите животи, ако не ја прифатите играта – тогаш сте слободни, вели Трајков.

Филмот Медена ноќ, по премиерата на Скопски филмски фестивал ќе се најде на редовниот репертоар на киното „Милениум“ од 25 април.

Продуцентот Роберт Јазаџиски рече дека нема да го рекламираат филмот користејќи ја акуелната политичка ситуација во земјата.

Иво Трајков посочи дека сакал да раскаже приказна за македонски ликови за македонска публика

Филмот е копродукција меѓу Македонија („Кавал филм“), Чешка и Словенија, снимен е во Скопје во 2013 година. Дејството е на почетокот на 1990-тите во Македонија, кога е 10-годишнината од бракот на Ана и Никола, ги играат Верица Недеска и Никола Ристаноски.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он