Италијанската писателка Роза Вентрела онлајн ќе го промовира македонското издание на романот „Градината на олеандрите“

Од:

Онлајн промоција на интернационалниот бестселер „Градината на олеандрите“ од италијанската писателка Роза Вентрела ќе се одржи вечерва на фејсбук страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“, каде свое обраќање ќе има авторката, но и проф. д-р Радица Никодиновска, која го преведе романот од италијански јазик.

Исто така, на онлајн промоцијата ќе се вклучат и претставникот од Амбасадата на Италија во земјава, како и студенти на Катедрата за италијански јазик и книжевност. Модераторка на промоцијата ќе биде Татјана Димовска-Атанасова, уредничка во „Арс Ламина“.

Романот, кој на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е поддржан од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија.

„Градината на олеандрите“ е семејна сага за испреплетените судбини на четири храбри и уникатни жени и мирисот на волшебната земја, Апулија.

-Во градината на една куќа во Карбонара, во Апулија, цвета олеандер. Го насадува Агостино, кога се преселува таму со неговата сопруга Анита, позната како „Марџала“. Жена со ретка и мистична убавина, Марџала има моќ да ги смири болките кај новороденчињата, претставува скапоцена помош при раѓање и, доколку е потребно, е во состојба да отстранува клетви. Има три ќерки: Розета, Корнелија и Дијаманте, која е најмладата. Првата е убава и дива како и таа. Втората има коса со боја на мед и истите светли, продорни очи на нејзиниот татко. Од друга страна, Дијаманте е полничка, со виткана и нескротлива коса и е своеглава, стои во соопштението на издавачката куќа.

Роза Вентрела е родена во Бари, а во моментов живее во Кремона. Дипломирала на катедрата за современа историја, а мастер-диплома стекнала од областа на менаџмент во образованието. Долго време пишувала за специјализирани списанија за историја и држела предавања за положбата на жената низ историјата: нејзините романи најчесто говорат токму за чувствата и проблемите на жените. Работела и како уредник во издаваштвото, а веќе со години држи настава за креативно пишување за деца и за возрасни. На македонски, а во издание на „Арс Ламина“, е преведен и нејзиниот роман „Приказна за едно семејство“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска