Документарниот филм „Театарот во Скупи“ ја имаше својата интернационалната премиера на 30-то издание на реномираниот Меѓународен фестивал на археолошки филмови, што се одржа во италијанскиот град Роверето.
„Театарот во Скупи“ беше дел од официјалната програма на фестивалот во конкуренција со десетина документарни филмови од областа на археологијата.
Филмот „Театарот во Скупи“ е во режија на Владимир Блажевски и во продукција на „Фокус Покус Филмс“.