Интернационалниот филмски ромски фетсивал „Златно тркало 2015“

Од:

Повеќе филмови од странска и домашна продукција ќе бидат презентирани на Интернационалниот филмски ромски фестивал „Златно тркало 2015“ на 29 и 30 април во Кинотека Македонија, информираа денеска на прес конференција организаторите на фестивалот на која ги објавија и добитниците на наградите.

Наградата Гран при ќе биде доделена за документарниот филм „Скршена тишина“ (Холандија), Најдобар документарен филм е „Дом си е дом“ (Словачка), Најдобра режија има во филмот „Приказна за две села“ (Романија), Најдобро сценарио „Плетена борба“ (Словенија). Награда „Декада на Ромите“ ќе биде доделена за екипата на филмот „На мисија“ (Бугарија), а награда за најдобра музика за филмот „Затоа што има надеж“ (Чешка).

Во категоријата едноминутно видео добитници на награди се: Дејан Сејфула, прва награда за видеото „Цигара? Благодарам, не“, втора награда Никита Сулејмани за видеото „Еколошки бонтон“, трета награда Себо Бајрам за „Зебрата е тука“.

На свеченото затворање, освен победничкиот филм „Скршена тишина“, ревијално ќе биде прикажан и документарецот „Пожарникарот Муци“, за храбриот Ром од Шутка, пожарникар, кој спасил многу човечки животи, животни и домови.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он