Детскиот културен центар – Карпош и Град Скопје од утре (3 мај) до 6 мај 2018 година, го организираат интернационалниот фестивал за класична гитара „Тремоло“.
Овој интернационален фестивал, кој по деветти пат се одржува во Скопје, е натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови.
Оваа година членови на жирито се светски познатите гитаристи: Никола Монтела од Италија, Зоран Аниќ од Хрватска, Џевдет Сахатчија од Косово, Николај Михајлов од Бугарија, а претставници во комисијата од Македонија се: Дарко Багески, Борче Наумовски и Љубомир Наќески.
На задоволство на скопската публика ќе се одржат три концерти во Музејот на Македонската борба-Скопје на 3 мај од 20 часот, МКЦ – Клуб &Ресторан на 4 мај од 21 часот и во „Културно информативниот центар“-КИЦ во Салон 19,19 на 5 мај од 20 часот.
На 6 мај ќе се одржи концерт на победниците по категории на натпреварот во Концертната сала на ДКЦ „Карпош“ во 18,30 часот, каде што воедно ќе се доделуваат наградите и признанијата на учесниците.
ПРОГРАМА
3 мај 2018 (четврток)
Отворање на Фестивалот со Никола Монтела – Италија
Музеј на Македонската борба-Скопје од 20 часот
4 мај 2018 (петок)
Џез Трио „Кабадаја“ – Македонија
МКЦ- Клуб &Ресторант од 21 часот
5 мај 2018 (сабота)
ДУО „Мучкалица“ – Србија
Зоран Аниќ и Ненад Љубеновиќ
Салон 19,19- КИЦ од 20 часот
6 мај 2018 (недела)
Концерт на победници по категории – класична гитара
„ДКЦ-Карпош“ од 18,30 часот
Влезот за сите концерти е бесплатен.
Со успешната реализација на фестивалот „Тремоло“, ДКЦ Карпош дава поттик и поддршка за развивање и унапредување на овој вид уметност во Република Македонија.