Иницијатива за Скопски карневал

Од:

Со претстојната манифестација „Ставете ги маските“, издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ – Скопје најавуваат почнување на Скопски карневал кој во иднина се планира да биде традиционален.

„Ставете ги маските“ ќе се одржи на први април годинава во Културниот центар „Феникс“ точно напладне, а симболично ќе учествуваат и деца од неколку градинки и училишта со нивните маски, при што ќе бидат избрани најдобрите и наградени со книги.

На манифестацијата ќе бидат изложени и најдобрите ликовни дела од меѓународниот конкурс на тема „Карневал“.

„Феникс“ воедно информира дека наскоро ќе излезе од печат книгата „Карневалите и карневализацијата“ од проф.д-р Христо Петрески.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Во несреќен случај загина возач од Скопје

ОЈО: Гевгеличанец е осомничен за демнење, предложени се мерки за претпазливост

Горан Наумовски

Насилници од Скопје со „бекатонки“ претепале две момчиња

39-годишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот дом