Иницијатива за празнување на македонската книга

Од:

Во рамки на манифестацијата „Будни до полноќ на Булеварот на книгите“ што ќе се одржи вечерва „Клубот матица“ ќе почне иницијатива за празнување на македонската книга.

– По примерот на развиените европски држави, со основна идеја и цел за промоција на книгата и авторот, веруваме во идејата за празнување на Ден на македонската книга. Празник кој, со вклучувањето на сите релевантни институции од областа на културата, од приватниот и општествениот сектор, ќе ја промовира културата на читање, со разни теми од сите области на општественото живеење. Верувам дека сите издавачи, автори и културни работници ќе ја прифатат оваа идеја и со заеднички сили ќе успееме во желбата за одбележување на Ден на македонската книга, вели Дејан Павлески од „Клуб Матица“.

Денот на македонската книга би се одбележувал на 23 мај, еден ден пред Денот на македонската писменост. Инцијативава произлегла од проектот „Читај повеќе”, во кој беа вклучени сите еминентни македонски писатели, актери, музичари, кои на различни локации низ Скопје и Македонија, со јавно читање на поезија и проза, го славеа зборот, словото и книгата.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска