Инфосесија за „Проекти за литературни преводи” на програмата „Креативна Европа“

Од:

Во НУБ „Св. Климент Охридски“ денеска ќе се одржи информативна сесија за категоријата „Проекти за литературни преводи” на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура на ЕУ“.

Сесијата ја организира Министерството за култура во соработка со Канцеларијата за „Креативна Европа – потпрограма Култура“ на Унгарија.

– Ќе бидат претставени македонското и унгарското искуство и успеси во категоријата „Проекти за литературни преводи“ на програмата „Креативна Европа на ЕУ“. Истовремено, пред крајниот рок за доставување на проекти за оваа категорија до Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија, 25 јули 2017 година, ќе бидат претставени критериумите за аплицирање и ќе се одржат индивидуални консултации со апликантите, соопшти Министерството за култура.

Сесијата ќе ја отвори Билјана Прентоска од Министерство за култура, Одделение за „Креативна Европа“, а за унгарското искуство во категоријата „Проекти за литературни преводи“ ќе зборува Мондик Габор од Канцеларија за „Креативна Европа – Култура“ на Унгарија.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ