Инфоден и работилница за програмата Креативна Европа (Култура)

Од:

Министерството за култура на Македонија во соработка со хрватското Министерство за култура денеска во ЕУ Инфоцентар во Скопје организира Инфоден и работилница за програмата Креативна Европа (Култура) – Проекти за соработка.

Македонските културни оператори ќе имаат можност да се запознаат со целите, приоритетите и критериумите на оваа категорија, со хрватското искуство со програмата, базите за барање на партнери и со Европската година на културно наследство 2018.

Преку презентациите на Анера Стопфер од Канцеларијата на Креативна Европа – Култура на Република Хрватска и Билјана Прентоска од Канцеларија за Креативна Европа – Култура на Република Македонија, учесниците ќе се воведат во работилницата во рамки на која заеднички ќе работат на развој на конкретни проект идеи, согласно критериумите на оваа категорија.

– Настанот има за цел да ги информира и подготви културните оператори за претстојниот повик за категоријата „Проекти за соработка“, соопшти Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ