Илбер Села и Фејзи Бојко добитници на државната награда „22 Ноември“

Од:

Државната награда „22 Ноември“ оваа година им се доделува на проф. д-р Илбер Села, политиколог и на писателот Фејзи Бојко, информира Министерството за култура.

-Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2021 за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање на припадниците на различните заедници, култури и вери во земјава, се вели во соопштението од Министерството.

Наградата ќе биде врачена на 22 ноември во 12 часот, во Собранието на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат