ИФФК „Браќа Манаки“ претстави дел од тимот што го сними филмот „Насоки“

Од:

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ денеска во Битола претстави дел од тимот што го сними филмот „Насоки“, бугарско-македонска-германска продукција во режија на Стефан Командарев, кој довербата за снимање на филмот ја даде на кинематограферот Веселин Христов.

Станува збор за филм инспириран од повеќегодишно истражување на режисерот, кој, како што рече кинематограферот Христов, поминал над 12.000 километри возејќи се со такси возилата низ Софија, пренесувајќи вистински приказни кои се случиле во главниот бугарски град и во Бургас.

– Снимањето на филмот одеше брзо. Филмот го снимив за две и пол недели, но беше многу тешко затоа што целиот филм во кој се испреплетени документаристика и креативно актерство е снимен во такси возило. За снимање на филмот користев мала камера, се се снимаше од рака без помош на стативи или други помагала. Филмот „Насоки“ е најбрзиот филм што досега сум го снимил, посочи кинематограферот Христов на средбата со новинарите во фестивалскиот прес-центар.

По синоќешната македонска премиера, филмот „Насоки“ ќе биде емитуван на фестивалот „Златна роза“ во Бугарија.

– По македонската премиера следува дистрибуција на филмот во македонските градови. Овој филм е нискобуџетен и чини 600.000 евра, но се надевам дека е продаден во повеќе држави, а прва е Франција, додека пак Грција и Турција покажаа интерес за емитување на овој филм кој за нас е многу успешен и има одличен дистрибутивен импакт, рече меѓу другото Владимир Анастасов, македонски продуцент на филмот.

ИФФК „Браќа Манаки“ вториот фестивалски ден го продолжува со исполнета програма во која меѓудругото попладне во чест на јубилејот 70 години „Вардар филм“ ќе биде емитуван филмот „Тоа беше добар филм“, а во 19:30 часот надвор од конкуренција ќе биде емитуван филмот „Сенки над Балканот“, српско-македонска продукција во режија на Драган Бјелогрлиќ.

– Првата прес-конференција на фестивалот традиционално ја модерира директорот Благоја Куновски-Доре, но заради здравствени причини, тој синоќа мораше да се врати во Скопје. Очекуваме брзо да закрепне и се врати на фестивалот изјави на денешната прес конференција во Битола, Гена Теодосиевска, уметнички директор на ИФФК „Браќа Манаки“.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ