Од 16 до 20 септември, македонскиот писател Христо Петрески ќе учествува на Меѓународниот поетски фестивал Белградски книжевни средби.
Петрески е почесен член на Друштвото на писателите на Србија, а покрај поетските настапи ќе учествува и на тркалезната маса на тема „Писателот и иднината“.
Манифестацијата се одржува во Белград, но и во повеќе градови во внатрешноста на Србија.
Централниот настан е Меѓународната книжевна вечер која ќе се одржи во Народниот театар во Белград.