„Херојот на мојата генерација“, конкурс за најкреативни есеи

Од:

Невладината организација „Креактив“ и People to People International creACTive Student Chapter распишуваат конкурс за најкреативни есеи на тема „Херојот на мојата генерација“. Можност за аплицирање имаат сите млади од 13 до 18 години што сакаат својата креативност да ја искажат преку пишаниот збор.

Есејот треба да содржи од 500 до 1.000 зборови и во него треба да е изјаснето лично и критичко мислење на авторот. Не е дозволено есејот претходно да е објавуван на други места, односно треба да е наменет само за потребите на овој конкурс. Во состав на документот треба да е наведено име и презиме на учесникот, датум на раѓање, училиште, емаил адреса и телефонски број. Есеите треба да бидат испратени на адресата [email protected] Рокот за испраќање на есеите е 20 aприл.

Есеите ќе ги оцени тричлена комисија составена од Марина Лотеска, професор по македонски јазик и литература во СУГС „Георги Димитров“, Соња Панева, професор по македонски јазик и литература во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ и Ангел Димитриевски, претставник од невладината организација „Креактив“.

Трите најдобри есеи ќе бидат презентирани на посебен настан што ќе го организира People to People International creACTive Student Chapter. Се работи за Ден на кариера што ќе се одржи на 27 април во ЕУ Инфо Центарот во Скопје. Тројцата најдобри наградени ќе добијат сертификати од невладината организација „Креактив“ и сетови од книги. Сите лица кои ќе аплицираат на конкурсот стануваат потенцијални членови, а првонаградениот ќе добие и покриена годишна членарина за членство во People to People International.

Сите есеи, вклучувајќи ги и победничките ќе бидат објавени на www.ptpiskopje.weebly.com.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска